Фото: Илустрација/Принт-скрин

Северна Кореја усвои закон со кој се дозволуваат превентивни нуклеарни напади, објавија денеска севернокорејските државни медиуми.

– Доколку командниот и контролниот систем на националните нуклеарни сили е во опасност да биде нападнат од странски непријателски сили, нуклеарен напад се изведува автоматски и веднаш – се наведува во законот, пренесува КЦНА.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун изјави дека со новиот закон Северна Кореја „неповратно се здобила со статус на држава со нуклеарно оружје“.

Северна Кореја изврши серија тестови оваа година и покрај санкциите, вклучително и тестирање на интерконтинентална балистичка ракета.

Американските и јужнокорејските власти предупредија дека Пјонгјанг се подготвува да го изврши седмиот нуклеарен тест.