Нови интензивни судири на украинското боиште

Руските воени аналитичари во последните денови како веројатен правец на нови напади на руските сили го најавуваат градот Сиверск, кој се наоѓа северно од Бахмут. Ова би следувало дури по остварувањето целосна контрола на градот Бахмут, која сè уште не е завршена бидејќи сѐ уште се водат интензивни борби во западните делови на градот откако Русите ја презедоа контролата врз центарот минатата недела и по што контролираат околу 80 отсто од градот. По неговото заземање, би им бил отворен патот до последниот и најголем урбан центар на северозападниот дел на регионот Донецк – градот Славјанск, кој има околу 110.000 жители.
Сепак, се чини дека руската армија не го дочека целосното владеење со Бахмут, бидејќи започна заеднички напад врз украинските сили лоцирани во регионот Северск. Ова го потврди за јавноста Иван Бигма, портпаролот на руската група „Југ“.
Во изминатите месеци, откако руските сили ги зазедоа последните две големи урбани упоришта во соседниот регион Луганск – Северодониск и Лисичанск, украинските сили испратија големо засилување во блискиот индустриски град Сиверск, кој пред војната имаше околу 11 илјади жители и се наоѓа во областа Бахмут.
Трендот на ескалација на воениот судир продолжува со несмален интензитет, а со тоа и се зголемува бројот на човечки жртви од обете страни, како и уништувањето на имотот и инфраструктурата.