Фото: Принтскрин/Архива

Москва и Минск денеска почнаа петдневни заеднички воени вежби на територијата на Белорусија, соопшти белоруското Министерство за одбрана.

-Воената вежба, која почна денеска во Белорусија, не претставува закана за соседните земји – изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија, првиот заменик – министер за одбрана Виктор Гулевич.

Тој појасни дека руските и белоруските сили вежбаат „операции за одбрана на двете земји и подобрување на нивото на обученост на трупите“.