Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави денеска дека не гледа напредок во преговорите со Иран, оценувајќи дека досегашните барања на Техеран се неприфатливи, а некои од нив се „скандалозни и смешни“.
– Има неколку земји кои продолжуваат да разговараат со нив и да изнесуваат различни предлози, но не би рекол дека сме на прагот на напредок – рече Рубио на Флорида, пред да замине на состанокот со колегите од Групата седум (Г7) во Париз, каде што војната во Иран ќе биде една од главните теми – пренесе Блумберг.
Изјавите на Рубио се во спротивност со она што го кажа американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека е „многу малку веројатно“ дека ќе нареди нови напади врз Иран доколку во преговорите се постигне значителен напредок, додавајќи дека би претпочитал дипломатско решение.
Иран претходно соопшти дека САД мора да ја прекинат поморската блокада на неговите пристаништа во Персискиот Залив и да ги укинат санкциите како предуслови за мировни преговори. Од друга страна, Вашингтон врши притисок врз Иран повторно да ја отвори Ормуската Теснина и да направи отстапки во врска со својата нуклеарна програма.
































