Фото: ЕПА

Антимонархиските демонстранти се собраа на плоштадот Трафалгар, во близина на местото каде што ќе помине поворката за крунисување додека се упатува кон Вестминстерската опатија. Некои од демонстрантите носат маици со натпис „Ова не е мојот крал“. Гардијан пишува дека се собрале околу 2.000 демонстранти.

Полицијата соопшти дека извршила голем број апсења во близина на местото на крунисувањето.

– Во центарот на Лондон е во тек значајна полициска операција. Направивме неколку апсења во областа Карлтон Хаус Тераса. Луѓето беа приведени поради сомневање дека го нарушиле мирот. Претходно денеска уапсивме четири лица во областа Сент Мартин Лејн.

Тие се приведени поради сомнение за заговор за вознемирување на јавноста. Уште три лица се уапсени во областа Велингтон Арч. Ќе има дополнителни ажурирања подоцна денес. Засега протестите се мирни“, соопшти Скотланд Јард.