Фото: Евгениј Пригожин/твитер

Конфликтот помеѓу Евгениј Пригожин и Сергеј Шојгу продолжува, откако шефот на руската приватна воена компанија „Вагнер“ денеска објави писмо во кое цинично го повикува рускиот министер за одбрана да го посети Бахмут.

Пригожин со недели се жалеше дека руското Министерство за одбрана не доставува доволно муниција на неговите платеници, кои со месеци се обидуваат да го заземат украинскиот град Бахмут.

– Почитуван Сергеј Кужугетович, единиците на приватната воена компанија „Вагнер“ мометно контролираат повеќе од 95 отсто од Бахмут и продолжуваат со офанзивните операции со цел целосно ослободување. На крилјата на „Вагнер“, каде што се наоѓаат силите на вооружените сили на Руската Федерација, непријателот започна серија успешни контранапади. Имајќи ја предвид моменталната тешка оперативна ситуација, како и вашето долгогодишно искуство во борбени операции, ве повикувам да дојдете на територијата на Бахмут, која е под контрола на паравоените сили на Руската Федерација, и самостојно да ја процените сегашната ситуација. Однапред ви благодарам, го очекувам вашиот договор – се вели во писмото до рускиот министер што Пригожин го објави денеска.

Пригожин во неколку наврати се закани со повлекување на неговите борци од Бахмут поради недостигот на муниција.