Во еврозоната и во Европската Унија беше забележано зголемување од 0,2 отсто на БДП и на вработеноста

Во третиот квартал од 2022 година, БДП се зголеми за 0,2 отсто и во еврозоната (Европската монетарна унија) и во Европската Унија (ЕУ) во споредба со претходниот квартал, според позитивните процени објавени од страна на „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. Во вториот квартал од годинава, БДП порасна за 0,8 отсто во еврозоната, а за 0,7 отсто во ЕУ.  Споредено со истиот период лани, БДП се зголеми за 2,1 отсто во еврозоната и за 2,4 отсто во ЕУ во третиот квартал од 2022 година, по +4,3 отсто забележани во еврозоната и во ЕУ во претходниот квартал.
За споредба, за време на третиот квартал од 2022 година, БДП во САД се зголеми за 0,6 отсто во споредба со претходниот (по -0,1 отсто во вториот квартал од годинава). Во споредба со истиот период лани, БДП се зголеми за 1,8 отсто (по +1,8 отсто во претходниот квартал).

Раст на вработеноста И во еврозоната и во ЕУ

Бројот на вработени се зголеми за 0,2 отсто во еврозоната и во ЕУ во третиот квартал од 2022 година во споредба со претходниот. Во вториот квартал од годинава, вработеноста се зголеми за 0,4 отсто во еврозоната и во ЕУ.

Споредено со истиот период лани, вработеноста се зголеми за 1,7 отсто во еврозоната и за 1,5 отсто во ЕУ во третиот квартал од 2022 година, по +2,7 отсто во еврозоната и +2,4 отсто во ЕУ во вториот квартал од 2022 година.

Подготвил: Mарјан Велевски