Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Метoдиј“ – Скопје, проф. д-р Ратко Дуев, вчера потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции. Во согласност со договореното, преку различни модели на соработка втемелени на платформа на заемна доверба и разбирање, ќе бидат реализирани различни активности што се од интерес и бенефиција за двете страни.
– Организирање и реализација на практична работа на студентите, научни и студентски конференции, летни школи, семинари, работилници, промоции и трибини, како и обуки за вработените во Општина Кисела Вода, во согласност со спецификите и потребите, се само дел од содржината на потпишаниот документ – информираа од Општината.
Градоначалникот Ѓорѓиевски и деканот Дуев на средбата истакнаа дека заемната размена на информации, знаења и искуства од областите од заеднички интерес ќе има значајна бенефиција и дека на тој начин се дефинира и трасира добрата деловна клима помеѓу двете институции.