Дмитриј Песков/Фото: Кремљ

Ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје е напната поради високиот ризик од акти на саботажа на режимот во Киев, изјави на прес-конференција портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

– Ситуацијата е доста напната, бидејќи ризикот од акти на саботажа од страна на режимот во Киев е навистина голем. Таквите акти на саботажа можат да имаат катастрофални последици – рече Песков, а пренесе „Тасс“.

Портпаролот на Кремљ истакна дека Киев „постојано ја демонстрирал својата тенденција да не се грижи за ништо“.

– Доказ за тоа видовме дури неодамна, кога беше крената во воздух хидроцентралата Каховка, што доведе до катастрофални последици. Затоа правиме се за да се спротивставиме на оваа закана – додаде портпаролот на Путин.