Фото: Влада

Папата Франциско денеска ги упати своите молитви за жртвите од трагедијата за време на прославата на Ноќта на вештерките во Сеул, кога повеќе од 150 луѓе загинаа во стампедо во тесни улички на градот.

На крајот од својата молитва на плоштадот Свети Петар, папата ги замоли верниците да се молат за „многуте луѓе, особено за младите кои загинаа во Сеул, како трагична последица од ненадејното туркање во толпата“.

Во метежот синоќа во тесни улички на Сеул за време на прославата на Ноќта на вештерките, според последните официјални податоци загинале 153 лица, а 133 се повредени.

Министерството за внатрешни работи на Јужна Кореја соопшти дека бројот на жртвите може дополнително да се зголеми бидејќи 37 повредени лица се во тешка состојба.