Фото: Фејсбук/Официјален профил на Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрли понудата на Хамас за прекин на огнот за да се обезбеди враќање на заложниците во опколената енклава, објави пишува „Тајмс оф Израел“. Тој изјави дека победата во Газа е на дофат.

Нетанјаху рече дека преговорите со Хамас „не водат никаде“ и ги опиша нивните барања како „бизарни“.

– Ние сме на пат кон целосна победа. Тука е, на дофат – рече Нетанјаху и додаде дека предвидува дека војната ќе заврши за „неколку месеци“, а не за неколку години.

Тој повтори дека целите на Израел во војната се „уништување на Хамас, враќање на заложниците и појасот Газа повеќе да не биде закана за Израел“.

Тој ги нарече досегашните акции на израелската армија „достигнувања без преседан“, особено пофалувајќи го она што Израел го постигнал против Хамас.

Најави дека фокусот на израелската армија ќе биде ставен на пограничниот град Рафах.

– Продолжуваме до крај. Нема друго решение освен целосна победа – вели Нетанјаху.