Фото: Принт-скрин

Бројот на загинати во пукањето во училиштето број 88 во Ижевск, во руската Република Удмуртија, се искачи на 13, објави Истражниот комитет, а меѓу жртвите седум се деца.

Уште 14 деца и седум возрасни се ранети, се вели во соопштението.

– Напаѓачот се самоуби. Носел црна маица со нацистички симболи и фантомка. Немал никакви документи, во моментов се утврдува неговиот идентитет – соопшти Рускиот истражен комитет.

– Според прелиминарните податоци, извршителот бил вооружен со два воздушни пиштоли модифицирани да користат боева муниција – напиша на Телеграм Александар Хистеин, шеф на Комитетот за информативна политика на Државната дума.