Фото : пиксабеј

Цената на нафтата денеска забележа пад на меѓународните берзи, при што барелот се тргуваше за помалку од 107 долари, по сигналите од САД за можно брзо завршување на војната со Иран и по успешното минување на супертанкер низ Ормускиот Теснец.

На берзата во Лондон, цената на барел нафта попладнево изнесуваше 106,84 долари, што е намалување од 4,44 долари во споредба со претходниот ден.

Во меѓувреме, на американската берза нафтата поевтини за 3,70 долари, па барелот се тргуваше по цена од 100,45 долари.

Пазарите реагираа позитивно на пораките за можно смирување на тензиите на Блискиот Исток, како и на намалените стравувања за прекин на транспортот низ Ормускиот Теснец – една од најважните светски рути за извоз на нафта.