Фото: Принтскрин/Јутуб

Оружен напаѓач во серија пресметки во градот Мемфис, во американската сојузна држава Тенеси, уби четири жени, додека тешко рани една, која се наоѓа во критична состојба.

Полицијата потоа го пронајде осомничениот Мејвис Кристијан Џуниор (52) мртов во неговиот автомобил. Според првичните информации, се верува дека извршил самоубиство.

– Полицајците одговорија на информација за пукање на „Хауард Драјв“ околу 21 часот. Во текот на истрагата, беше утврдено дека овој инцидент е поврзан со две други престрелки и дека и во нив е вклучен истиот осомничен – соопшти полицискиот оддел во Мемфис – пренесе „Еј-би-си њуз“.

Во трите одвоени престрелки убиени се четири жени, информира полицијата. Престрелките се истражуваат како инцидент на семејно насилство.