Фото: Твитер/Лиз Трас

Новоизбраната премиерка на Велика Британија, Лиз Трас денеска првпат ѝ се обрати на нацијата откако беше именувана на оваа функција. Во својот прв говор таа им порача на Британците дека заедно можат да ја пребродат бурата.

Зборувајќи пред познатата црна врата пред резиденцијата на Даунинг стрит, Лиз Трас го спомена и Борис Џонсон, кого го нарече многу важен премиер.

– Знам дека имаме сè што ни е потребно за да ја натераме Британија повторно да профункционира – рече таа, според Скај њуз.

Таа потоа кажа кои ќе бидат трите приоритети на нејзината влада.

– Развој на економијата со намалување на даноците, борба против економската криза и подобрување на пристапот до здравствена заштита – порача Трас.