Фото: Твитер/Официјален профил на ЛШ

Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо Загреб го совладаа фаворизираниот Челси со 1-0 на домашен терен, во првото коло од фудбалската Лига на шампионите.

Мислав Оршиќ го постигна победничкиот гол во 13-та минута по контранапад.

Гостите од Лондон имаа иницијатива во текот на мечот, но домашната одбрана успешно се справи со нивните напади.

Борусија Дортмунд, пак, беше убедлива против Копенхаген со 3-0.

Преостанатите дуели од ЛШ се играат вечерва.