King Charls
Фото: ЕПА

Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила, придружувани од кралското семејство, денеска излегоа на балконот на Бакингемската палата за да ги поздрават десетиците илјади луѓе собрани по повод нивното крунисување.

Заедно со кралот и кралицата со круни и во церемонијална облека беа и престолонаследникот Вилијам со сопругата Кејт и нивните деца, и братот и сестрата на кралот, Ана и Едвард.

Фото: ЕПА

Од балконот го следеа свечениот прелет на воздухопловните сили, со помалку авиони поради дождот.

Потоа влегоа во палатата, но набрзо се вратија на балконот за повторно да ги поздрават граѓаните.

Најмладиот син на Чарлс, Хари и неговиот брат Ендрју не беа на балконот. Хари – војводата од Сасекс и Ендрју – војводата од Јорк, повеќе не се активни членови на кралското семејство.

Хари и Ендрју присуствуваа на денешното крунисување во Вестминстерската опатија, но беа во третиот ред меѓу гостите.