Фото: АТП/илустрација

АТП одлучи да ја укине функцијата на линиски судии во тенисот од 2025 година. Линиските судии ќе бидат заменети со видео технологија која ќе го следи движењето на топчето и ќе сигнализира кога ќе завршат во аут.

Претседателот на АТП, Андреа Гауденци, е сигурен дека оваа револуционерна одлука е технолошки пробив за тенисот.

„Ова е историски момент за нашиот спорт“, рече тој. „Дојдовме до оваа одлука по внимателно разгледување и анализи. Традицијата е во срцето на тенисот, а линиските судии играа важна улога во претходните години. Сепак, ние имаме одговорност да ги прифатиме иновациите и новите технологии. Нашиот спорт заслужува најпрецизна форма на судење и ние сме среќни што можеме да го воведеме ова во текот на сезоната во 2025 година”, изјави првиот човек на светскиот тенис.