Фото: Ева Каили/ твитер

Сменетата потпретседателка на Европскиот парламент и приведена на почетокот на декември минатата година во истрагата Катаргејт, Ева Каили работи во затвор во Брисел за 0,75 евра на час, објавија белгиските медиуми.

Според медиумите Каили се однесува како и секој друг затвореник и сега таа учествува во чистењето на просториите и во кујнски работи.

Пред да го изгуби статусот, Каили работела за 7.146 евра месечно и имала на располагање уште 4.778 евра месечно за патни трошоци.

Одбраната на Каили неодамна пријавила лоши услови во притворот, па дури и дека таа во еден момент била ставена во самица поради приговорите дека не и било дозволено да се тушира.

Каили беше сместена во најновиот затвор во Белгија и еден од најмодерните во Европа и светот. Затворот е лоциран во предградието на Брисел. Обвинителите и судот го одбија нејзиното барање да биде ослободена со нараквица за следење.

Каили е обвинета дека била дел од организирана криминална група која пружала политички услуги на Мароко и Катар за паричен надомест.