Фото: Принтскрин/Јутуб - Волстрит џурнал

Правната расправа за војната во Газа започнува денеска во Хаг, а Меѓународниот суд на правдата (МСП) ќе ги разгледува аргументите во кои се наведува дека Израел извршил геноцид врз Палестинците на таа територија.

Јужноафриканската Република (ЈАР), која го иницираше случајот, бара од судот на ОН да дејствува итно за да се заштити од сериозна и непоправлива штета врз палестинскиот народ, повикувајќи се на конвенцијата за геноцид која, според тужбата, продолжува неказнето да се прекршува.

Од нападот на Хамас на 7 октомври, Израел уби повеќе од 23.000 Палестинци, од кои 70 отсто се жени или деца, според Министерството за здравство на Газа.

Во својата писмена апликација на 84 страници до Меѓународниот суд на правдата, ЈАР наведува: „пропустите на Израел за кои се жали Јужна Африка се од геноциден карактер бидејќи имаат за цел да доведат до уништување на значителен дел од палестинската национална, расна и етничка група“.

Случаите за докажување геноцид може да траат со години, но ЈАР бара од Судот брзо да ги спроведе привремените мерки и „да му нареди на Израел да престане да убива и да предизвикува сериозни ментални и физички повреди на палестинскиот народ во Газа.

Правните тимови од двете страни ќе имаат околу три часа да ги изнесат своите аргументи, а ЈАР ќе биде сослушана денеска, а Израел утре.