Најдете мајстор или изведувач со помош на платформата Daibau.mk

Оваа онлајн градежна  платформа ги поврзува инвеститорите, односно тие на кои им треба градежна услуга со мајсторите и изведувачите.

Без разлика дали градите нов или реновирате стар објект, викендица, куќа или стан, станува сè потешко да најдете добар мајстор и да стигнете до соодветни понуди. Добри мајстори има малку, а до најдобрите може да се дојде само со препорака. Желбата да се создаде нешто ново и оригинално наидува на тешкотии и ограничувања уште од самиот почеток.

За архитектите и нивните клиенти, потрагата по изведувачи, понуди и материјали стана вистински кошмар – товар, а не задоволство. Бидејќи побарувачката за добри мајстори е далеку поголема од нивната понуда, архитектите често се разочарани бидејќи нивниот проект не се реализира како што замислиле. На пазарот постои голема нерамномерност на квалитет, така што реализацијата на идеите бара дополнителни напори.

Како да ја добиете најдобрата понуда

Ниту социјалните мрежи ниту маркетинг агенциите не успеаја да ја дигитализираат градежната индустрија и покрај бројните обиди. Градежништвото е едно од најмалку дигитализирани економски гранки. Ефикасноста и продуктивноста се на ниско ниво. Додека дури 75% од градежните компании веруваат дека дигитализацијата ќе ја зголеми продуктивноста на индустријата, само 20% од нив почнале да го дигитализираат својот бизнис и рекламирање.

Но, со милиони посетители, преку 70.000 мајстори и развиен бизнис на 11 европски пазари може да се каже дека Daibau успева во она што многу луѓе не успеале да го направат – да ги поврзат архитектите и инвеститорите со мајсторите и изведувачите преку Интернет. Daibau е основана од архитектите Мартин Пелц и Грегор Чернелч. Во бизнисот влегле од потребата самите да најдат квалитетни изведувачи. Растот на нивниот старт ап беше вртоглаво брз.

„Даибау дава можност да се најде најквалитетната понуда за изведба на работата.“

DaiBau е основана од архитектите Мартин Пелцл и Грегор Чернелч

Како млади архитекти, брзо сфативме дека е тешко да се најдат квалитетни и достапни изведувачи. Ова е индустрија каде што препораките претежно се од уста на уста, а бидејќи сме во ера на дигитални комуникации, ни беше чудно што нема платформа или услуга што ќе ги собере изведувачите и мајсторите од една страна, и корисниците од друга страна, т.е. нарачатели на услуги“ – вели Мартин.

Фрустрирани како професионалци, Мартин и Грегор решија да ја поврзат градежната индустрија и интернет огласувањето. Ги отстранија сите бариери во пронаоѓањето производи, услуги, цени и занаетчии, најдобри понуди и достапни материјали. Тие го направија процесот на пребарување полесен, дигитализиран, автоматизиран и значително поедноставен. Резултатот е онлајн платформа која го забрзува процесот на дигитализација, привлекува голем број нови и задоволни корисници.

Лесно пребарување

Daibau обезбедува голем број поволности за своите корисници. Пред сè, им дава можност да најдат и споредат изведувачи, материјали, производи и услуги на едно место, како и избор на најдобрите понуди. Тука се и советите и просечни цени за поединечни работи, занаетчиски позиции и материјали. Во делот Списание може да најдете голем број професионални текстови, совети и новости од светот на архитектурата, градежништвото и дизајн на ентериер. Опфатени се сите позиции и сите фази на изведба: уредување, инсталации, изолација, климатизација, покриви, фасади, столарија, малтерисување, варосување, естрих, подни облоги, обработка на метал, мебел, одржување, сервисирање и многу, многу повеќе.

Покрај изборот на соодветен изведувач и материјал, Daibau им помага на корисниците и при буџетирање на работата преку калкулаторот. Оваа опција го олеснува процесот на финансиско планирање за изградба или реновирање. На пример, на платформата можете да најдете повеќе од 1.600 просечни цени за градежни проекти, материјали и услуги.

Daibau нуди и повеќе од 1400 проверени изведувачи во Македонија, кои се достапни во повеќе од 240 поткатегории

Деловниот модел се заснова на кориснички претплати. Секоја заинтересирана компанија, претприемач или мајстор-поединец плаќа одредена количина на лидови до потенцијалните клиенти. Што е најважно, Daibau не наплаќа процент од завршената работа. “Воведовме пробен период за нашите корисници и посложени пристап кон продажбата, па сме за кратко време процветавме“истакнува Мартин.

Во фокус на пребарувањето се мали и средни изведувачи, како и независни професионалци. Daibau им нуди можност да ги рекламираат своите услуги и производи и значително да го подобрат својот бизнис преку доверливо наоѓање на нови клиенти (во земјата и странство). Секој профил на изведувач содржи прегледи и оценки од корисниците, како и кратко портфолио на завршени проекти. Тука се и информации за „големината на тимот“ и години на искуство, како и телефонски број за контакт.

Задоволните корисници се најдобрата препорака

Daibau во Македонија

Ве интересира колку би чинело замена на плочките во бањата или како да поставите подно греење? Колку би чинело да се изгради семејна куќа по принципот „клуч на рака“? Колку би ве чинело уредувањето на дворот?

Daibau е присутен во Македонија од 2022 година. моментално нуди повеќе од 1500 проверени изведувачи, кои се достапни во 12 категории и, дури повеќе од 240 поткатегории. Во Македонија, за помалку од една година реализирани се 1975 проекти, користејќи ја платформата.

Без разлика дали барате изведувач, совет или цена на материјалите, Daibau е сигурен асистент во текот на градбата и реновирањето. Голем број нови и задоволни корисници се најдобрата препорака и Вие да започнете да ја користите оваа платформа. Наоѓањето на вистинските изведувачи и вистинските понуди никогаш не било полесно.

(Комерцијална објава)