Фото: ЕПА

Израел денеска им ги предаде на палестинските власти телата на десетици Палестинци убиени од израелските сили во војната во Појасот Газа во последните недели, соопштија здравствените власти во палестинската енклава.

Тие додаваат дека телата се предадени преку граничниот премин „Керем Шалом“, кој е под контрола на Израел и ќе бидат погребани во масовни гробници во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Министерството за здравство во Газа засега не прецизира колку тела се предадени, но според локалните жители станува збор за околу 100.

Засега нема коментар за предавањето ниту од Израел, кој започна воена офанзива во Газа по нападот на милитантите од палестинското екстремистичко движење Хамас во јужен Израел на 7 октомври минатата година.