Фото: Пиксабеј

Иран ја претстави четвртата генерација балистичка ракета „Калибр“, со досег од 2.000 километри и со боева глава тешка 1.500 килограми, јави денеска иранската агенција ИРНА.

Британските медиуми јавуваат дека со ова Иран ја прошири својата ракетна програма, особено балистичките ракети, и покрај противењето на САД и загриженоста од европските земји.

Техеран нагласува дека оваа програма е „исклучиво одбранбена“ и служи за одвраќање на непријателот.

„Најновата балистичка програма на Иран и најновиот производ на иранската организација за воздушна индустрија беше претставена денеска на церемонија на која присуствуваше и министерот за одбрана“, пренесе ИРНА.