фото: Илустрација

Хутите во Јемен соопштија дека САД и Велика Британија извршиле напад врз фарма во градот Худајда, во западниот дел на земјата.

САД и Велика Британија гаѓаа фарма во регионот Ал-Кедн, во Худајда, јавија јеменска новинска агенција контролирана од Хутите.

Овие две земји се уште не го коментираа инцидентот.

Од минатата есен, Хутите ги гаѓаат товарните бродови во Црвеното Море во сопственост или управувани од израелски компании или превезуваат стока до и од Израел во знак на солидарност со Газа.

Со ескалација на тензиите поради заедничките воздушни напади на САД и Велика Британија врз цели на Хутите во Јемен, групата објави дека ги смета сите американски и британски бродови за легитимни воени цели.

Црвеното Море е едно од најчесто користените морски патишта во светот за транспорт на нафта и гориво.