Фото: ЕПА

Заменик-министерот за надворешни работи на владата на проиранското движење Хути, Хусеин ел-Ези, предупреди дека групата би можела да ја затвори Баб ел-Мандеб доколку Доналд Трамп продолжи, како што наведе, со политики што го нарушуваат мирот.

Во објава на социјалните мрежи, Ел-Ези порача дека евентуалното затворање на теснецот би имало сериозни последици.

 – Ако одлучиме да го затвориме Баб ел-Мандеб, целото човештво ќе биде немоќно да го отвори – напиша тој, пренесува „Ал Џезира“.

Тој повика САД да ги прекинат, како што ги нарече, активностите што го попречуваат мирот и да покажат поголемо почитување кон Јемен.

Баб ел-Мандеб е стратешки важен морски премин што ги поврзува Црвеното Море и Аденскиот Залив, и претставува клучна рута за глобалната трговија, особено за бродовите што се движат кон Суецкиот канал.