Фото: Принтскрин/„Скај њуз“

Најмалку 13 израелски и странски заложници држени во Појасот Газа се убиени во израелски воздушни напади во изминатите 24 часа, соопшти вооруженото крило на Хамас.

– Тринаесет затвореници, вклучително и странци, беа убиени на пет локации кои беа цел на израелски борбени авиони – се вели во соопштението на Бригадите Изедин ал Касам.

Хамас зароби околу 150 луѓе кога го почна својот напад на 7 октомври. Се закани дека ќе убие заложници доколку Израел без предупредување ги бомбардира домовите на цивилите.