Постојат повеќе индикатори што наведуваат која причина ја предизвикала загубата: дали инвестициите во инфраструктурата, повисоките трошоци за енергија и работна сила, зголемените каматни стапки или, пак, штрајковите во 2023 година… Но, факт е дека сето горенаведено резултира со пад на нивните приходи за 13 отсто, на 45,2 милијарди евра. За издвојување е дека како главен причинител за загубата, сепак, се наведуваат инвестициите во инфраструктурата, кои треба да се протегаат во неколку години!

Германската државна компанија „Дојче бан“ забележа рекордна загуба од 2,4 милијарди евра во 2023 година

Крајно неповолни бројки прикажува најновиот извештај за работата на германската државна компанија „Дојче бан“ во 2023 година. Според извештајот, „Дојче бан“ минатата година забележал нето-загуба од 2,4 милијарди евра, приближно десет пати поголема отколку во 2022 година.
Притоа се наведува дека постојат повеќе индикатори што наведуваат што ја предизвикало загубата – инвестициите во инфраструктурата, повисоките трошоци за енергија и работна сила, зголемените каматни стапки, како и штрајковите во 2023 година.
Сето тоа резултира со пад на нивните приходи за 13 отсто, на 45,2 милијарди евра. Приспособената загуба пред камати и даноци (ЕБИТ) изнесува речиси една милијарда евра, наспроти добивката од околу 1,2 милијарда евра во 2022 година. Годинава компанијата повторно очекува позитивен резултат.
Како главен причинител за загубата, сепак, се наведуваат инвестициите во инфраструктурата, кои треба да се протегаат во неколку години. „Дојче бан“ лани инвестира 7,6 милијарди евра во модернизација на железницата, а владата треба да ги надомести годинава. Износот на инвестицијата беше за 16 отсто поголем отколку во 2022 година.
„Дојче бан“ и владата планираат да инвестираат рекордни суми во наредните години за обновување на железничката инфраструктура и зголемување на капацитетот.
Минатата година речиси третина од меѓуградските возови доцнеа поради преоптоварена мрежа. Побарувачката за железнички транспорт останува силна, изразена во 1,8 милијарда превезени патници во 2023 година, 5,8 отсто повеќе отколку во 2022 година.