Фото: принтскрин

Првата група цивили синоќа е евакуирана од челичарницата Азовстал, што е последна точка на украинскиот отпор во Мариупол.

– Тие се префрлени на договорената локација и се надеваме дека ќе бидат евакуирани во Запорожје, на територијата под контрола на Украина. Се надеваме дека овој процес ќе продолжи и дека ќе можеме да ги евакуираме сите цивили – изјави заменик командантот на полкот Свјатослав Паламар.

Претходно и руската новинска агенција ТАСС јави дека група од 25 цивили, меѓу кои и шест деца успеале да излезат од Азовстал од подземната галерија, што датира од советско време.