Фото: Принт-скрин

Украинскиот гувернер на окупираната област Луганск, Серхи Хајдај, на својот канал Телеграм изрази сомнеж за способноста на проруските сепаратисти да ја вратат стабилноста во новоокупираните области на Украина.

– На неодамна окупираните територии Русите си поставуваат правила, зборуваат глупости за отворање училишта од 1 септември, брза поправка на телекомуникациската мрежа. Се е лага, истото се договараше и во Мариупол. Единственото нешто што Рашистите (термин на Хајдај за руски фашисти – н.з.) се способни да го направат е да го тероризираат локалното население – рече Хајдај.

Слична порака упати и украинското Министерство за внатрешни работи, кое предупредува на руски диверзанти и соработници. Тие тврдат дека повеќе од 800 од нив се уапсени од почетокот на руската инвазија на Украина.

– Во овие неколку месеци, повеќе од 800 саботери се уапсени и предадени на СБУ (Безбедносната служба на Украина) на понатамошна постапка. Тие често се продаваат „за 30 сребреници“. Цената на предавството на татковината често не е поголема од 300 долари – изјави украинскиот министер за внатрешни работи Јевхен Јенин.