Доколку се реализираат предвидувањата на Анкара за резервите на ретки метали, Турција може да добие дополнително значење кај сојузниците во НАТО, што ќе помогне за заздравување на турската економија

Конкуренцијата за ретки метали станува сѐ поголема

Владата на Турција овој месец објави дека е откриено огромно наоѓалиште на ретки метали, кои по обработката може да се користат за произвoдство на електрични метали, ветротурбини и за соларни панели. По една деценија дупчења и анализи, турските геолози процениле дека во близината на областа на северозападниот град Ескижехира има околу 694 милиони тони ретки метали, што е второ по големина наоѓалиште во светот, по кинеското наоѓалиште со резерви од 800 милиони тони. Овие минерали се користат во комерцијална и воена технологија за производство на магнети. Турција верува дека нејзиното наоѓалиште е доволно да ги задоволи светските потреби за наредните илјада години. Но тоа што остава сомневање кај стручњаците е недостигот од информации за квалитетот на металните елементи.
Дејвид Мериман од консултантската фирма „Вуд Мекензи“ за Дојче веле изјави дека турското наоѓалиште веројатно содржи ретки елементи на лантан и серум, кои на пазарот моментално ги има многу повеќе во понудата отколку во побарувачката, односно не станува збор за „најреткиот тип на метали што е неопходен за производство на силни магнети“.
Кина моментално снабдува околу 80 отсто од светската побарувачка на ретки метали, а ЕУ увезува од Кина 16.000 тони годишно од оваа суровина, што е околу 98 отсто. Кинескиот монопол предизвикува загриженост во Брисел и во Вашингтон, затоа што Пекинг може да ги користи ретките метали како средство за притисок во трговските и геополитичките спорови. Кина во 2010 година забрани извоз на метали во Јапонија, со која има спор за територии.
Пред две години, ЕУ ја формира Европската алијанса за суровини за да ги поттикне државите-членки да ги диверзификуваат изворите на примарни суровини од трети земји, вклучувајќи и ретки метали.
Доколку се реализираат предвидувањата на Анкара за резервите на ретки метали, Турција може да добие дополнително значење кај сојузниците во НАТО, што ќе помогне во заздравување на турската економија.
Пред две години, турската влада објави дека е откриено големо наоѓалиште на природен гас во Црно Море. Аналитичарите се сомневаат дека има резерви.

Подготвил: Митко Јовановски