Фото: Принтскрин

Доцна синоќа во Косово е убиено лице во автомобил со македонски регистарски ознаки, објавија косовските медиуми.

– Жртвата билa застреланa со огнено оружје околу 20 часот. Тој бил пронајден мртов во неговиот автомобил, кој бил со регистрација на Република Македонија – пишува порталот „Индекс онлајн“.

Според информациите на полицијата, во текот на оперативните дејствија подалеку од убиството, најден бил и запален автомобил што го користеле осомничените вмешани во случајот.