Фото: Твитер / Турска агенција за управување со вонредни состојби

Две кози се извлечени живи од урнатините 637 часа по разорните земјотреси во градот Нурхак, во турската провинција Кахраманмарас, јавува „Анадолу“.

Работниците кои ги отстранувале остатоците од урнатините во селото Алчичек во еден момент слушнале звуци на животни, а потоа од под урнатините извлекле две живи кози кои биле затрупани таму повеќе од 26 дена, соопшти локалниот гувернер.

По интервенција на ветеринарот, на козите им била дадена вода и храна, а локалните власти се погрижиле за нив бидејќи нивните сопственици биле надвор од градот, соопшти агенцијата.

Исто така, во турскиот град Хатај, кој беше меѓу најтешко погодените места од двата разорни земјотреси на 6 февруари, беше извлечено куче 25 дена по земјотресот.

Како што утврдиле, кучето успеало да најде храна под урнатините и на тој начин успеало да преживее.