Фото Милош Вучевиќ/твитер

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ денеска изјави дека ситуацијата на Косово „се уште е многу тензична бидејќи има многу отворени прашања“.
Во изјава за локален медиум тој нагласи дека се надева дека „одговорите ќе се бараат во форма на дијалог“.

– Србите се загрижени бидејќи не се знае кој е следниот чекор на Курти, човек кој покажа дека не носи многу рационални одлуки и дека не е човек на договори – изјави министерот за ТВ Пинк.

Вучевиќ рече дека Србија „секогаш избира секогаш кога има макар и милиметар простор, решението да се бара со дијалог, што не значи дека ќе проголта се, напротив, туку сакаме да спречиме војни и конфликти“.