Акција за „разоружување на населението“ во Србија

Граѓаните на Србија предале 100.000 „парчиња оружје и минско-експлозивни направи“ и четири милиони парчиња муниција, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ во телевизиско обраќање. Притоа тој додаде дека нема да има дополнително продолжување на времетраењето на акцијата за собирање оружје.
Акцијата за доброволно предавање на нерегистрираното оружје почна по двете масовни убиства, во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и во селата околу Младеновац и Смедерево.
Кампањата првично требаше да трае до 8 јуни, но српските власти ја продолжија акцијата во која граѓаните можат илегалното оружје и муниција да ѝ ги предадат на полицијата без никакви последици.
Најавено е дека по завршувањето на акцијата ќе следуваат репресивни мерки за оние што нема да го предадат оружјето своеволно.