Фото: ЕК

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, на Минхенската безбедносна конференција рече дека нормализацијата на односите е од клучно значење за регионалната стабилност, просперитетот, развојот и напредокот на Западниот Балкан кон ЕУ.

Тој најави дека учествувал на панел во рамките на Минхенската конференција на која се разговарало за иднината на Западниот Балкан.

– За клучната важност на нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија синоќа говорев на панел дискусијата за иднината на Западниот Балкан. Нормализацијата е клучна за регионалната стабилност, просперитетот, развојот и напредокот кон ЕУ“ – напиша Лајчак на платформата „Икс“.