Режисерката Саша Броз премиерно ја прикажа својата претстава „Тајниот дневник на Адријан Мол“ во театарот „Жар птица“ во Загреб, пренесува хрватски „Индекс“.

Поддршка на премиерата ѝ дало семејството, таткото Александар Мишо Броз и братот Андреј Броз со сопругата Мира и ќерката Зита. Така, фотографите на една слика „уловија“ три генерации од семејството Броз, односно син, внуци и правнука на Тито.

Александар Мишо Броз е пензиониран хрватски дипломат и менаџер. Роден е во 1941 година во бракот на Тито со Херта Хас, кој траел од 1940 до 1943 година.

Неодамна ќерката на Саша Броз и актерот Ранко Жидариќ го зеде презимето на нејзината прабаба, пишува хрватскиот портал. Сара Хас работи како сценографка во Загребскиот куклен театар, а познавачи посочуваат дека има ветувачка иднина како ликовна уметница.

Херта Хас била високо образована, зборувала странски јазици и имала левичарски ставови.