Фото/Илустрација: Пeкселс

По сведочењето на момчето Коста Кецмановиќ, кое изврши масовно убиство во српското училиште, адвокатката Ирина Боровиќ, која го застапува неговиот татко В.К., за медиумите откри дека момчето било детално испрашувано зошто го извршило масакрот, а како што тврди таа, изразило и каење.

-Денеска беше сослушан малолетник, детално сослушан за сите околности кои може да бидат важни за откривање на причините поради кои сето ова го направил. Она што можам да го кажам е дека тој го потврди она што го кажа таткото – дека оружјето било целосно обезбедено. Исто така, тој тврди дека татко му не му го овозможил првиот контакт со оружје. Изрази каење за сѐ што направи – изјави адвокатката Боровиќ.

Сослушувањето на Коста траеше речиси четири часа во рамките на постапката што се води против татко му, кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност.

Се сомничи дека не го чувал оружјето според прописите, а со кое момчето убиец уби девет врсници и училиштен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Исто така, тој е осомничен дека го научил својот син да ракува со оружје, како и дека го однел на стрелиште.

Момчето беше испрашувано преку видеоконференциска врска воспоставена меѓу здравствената установа во која е набљудуван и Вишото јавно обвинителство во Белград.

На сведочењето присуствуваа в.д. обвинител, адвокатот на таткото, адвокати на оштетените, како и неколку родители на убиените деца.