И Грција со специјален претставник за Западен Балкан

175

Амбасадорката на Грција во Букурешт, Софиа Грамата, ќе биде специјална претставничка на грчкото МНР за Западен Балкан, а паралелно ќе ги извршува и актуелните должности.

„Грција придава примарно значење во консолидацијата на мирот, безбедноста и стабилноста во поширокиот регион на Западен Балкан. Во овој контекст, промовира консолидација на билатералните односи врз основа на почитување на меѓународното право, меѓународното право на морето и активно ја поддржува нивната европска перспектива“, соопшти грчкото МНР.

Српските медиуми вчера ја пренесоа информацијата дека и францускиот амбасадор Емануел Макрон би можел да именува специјален претставник за Западен Балкан. Најверојатно, оваа одлука ќе биде донесена во јули годинава, по завршување на француското претседавање со Европската Унија. Засега оваа информација не е потврдена од Министерството за Европа и за надворешни работи на Франција.

Намерата на Париз, според политичките аналитичари во Србија, е француската влада да биде поактивна во решавањето на регионалните прашања во кризните состојби. Досега свои специјални претставници за Западен Балкан имаат САД, Германија, Велика Британија и Европската Унија.