Фото/Илустрација: Пeкселс

Генералниот директор на албанската полиција Мухамет Румбулаку изјави дека ни најмалку не е загрижен бидејќи хакерите не успеале да дојдат до доверливи информации. Дури и неодамнешното објавување на имиња на полицајци и агенти, за полицискиот директор не е државна тајна.

– Тоа е список со имиња. И покрај тоа што тие се идентификувани и се полицајци, тие немаат никаква врска со доверливи државни тајни информации ниту со државни полициски системи – вели тој.

Додаде дека нема место за загриженост бидејќи полицијата ги има 100 отсто од податоците и покрај она што го кажуваат хакерите. Тој ги демантира и тврдењата дека хакерите стигнале и до системот на Дип си (Deep Sea).

– Системот Deep Sea е мотор пребарувач. Нема информации, нема база на податоци. Но, експертизата ќе го даде последниот збор – рече Румбулаку.

Одговори и на новинарското прашањето дали се чувствува страв меѓу полицајците по објавувањето на имињата.

– Нема ни трошка страв. Полицајците не се под притисок од никого. Секој од нив ја продолжува својата работна обврска – тврди тој.

Изјавата ја даде по тркалезната маса организирана од ОБСЕ на која беше презентиран проектот, кој предвидува полицајци, обвинители и судии да бидат дел од обуката за борба против трговијата со луѓе.

Пред два дена шефот на државата Бајрам Бегај го свика Советот за безбедност и побара извештај од челниците на најважните институции во земјата за да дознае како биле погодени од кибер-нападите и мерките што се преземени за да се избегнат други агресии.

По кибер-нападите и објавувањето важни податоци од државните системи, Овинителството на Тирана вчера побара од три земји, Кина, Велика Британија и Русија одземање на податоци и онлајн страници.