Фото: Пиксабеј

Како дел од ембаргото на Европска Унија поради војната во Украина, Бугарија денеска го прекина увозот на нафта од Русија.

На крајот на 2022 година, ЕУ и одобри на Бугарија двегодишно ослободување од ембаргото на руската нафта, што беше планирано да трае до крајот на 2024 година. Меѓутоа, во декември бугарскиот Парламент изгласа да се прекине увозот на руска сурова нафта пред предвиденото, почнувајќи од 1 март 2024 година.

Експертите од индустријата предвидуваат дека овој потег нема да предизвика скок на цените на горивата во Бугарија.

Претходно, трговци со нафта изјавија дека Бугарија руската нафта ќе ја замени со увоз од Казахстан, Ирак и Тунис.