Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Српската премиерка Ана Брнабиќ соопшти дека за време на невремето што ја погоди земјата, делумно или целосно се уништени речиси 12.000 станбени објекти.

При денешната посета на Футог, Брнабиќ рече дека во периодот од 19 до 24 јули вкупно 13 локални самоуправи прогласиле вонредна состојба, но дека најтешко биле погодени градот Нови Сад и општината Бачка Паланка.

Таа изјави дека штетите предизвикани од невремето во Србија се мерат во стотици милиони евра и дека државата сега мора да постави приоритети при санацијата и обесштетувањето на штетите, каде домаќинствата и станбените згради и училиштата се на прво место за да можат учениците на 1 септември да одат на училиште. Следни ќе бидат здравствените установи и објектите за јавна намена.