Турција потврди дека е подготвена да им пружи максимална поддршка на Русија и Украина за што поскоро завршување на војната, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.

Соопштението доаѓа по консултациите што во Истанбул ги одржаа рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Вершинин и неговиот турски колега Седат Онал, пренесе ТАСС.

– Инсистиравме дека војната во Украина треба да заврши што е можно поскоро и нагласивме дека е неопходно продолжување на преговорите за да се најде праведно и одржливо решение. Потврдивме дека сме подготвени да обезбедиме максимална можна поддршка на сите страни – соопшти Турското Министерство за надворешни работи.