Фото: Илустрација

Албанската владата го одобри предлог-законот за производство и употреба на канабис за медицински и индустриски цели. Согласно законот, ќе се формира и Национална агенција за контрола, која ќе дава лиценци на компаниите и ќе го следи пазарот.

– Со овој предлог-закон се дефинира регулаторната рамка за тоа како ќе се иницира процесот. Целта е регулирање и гранатирање на процесот на контрола и надзор на производството и преработката. Главните аспекти се поврзани со регулаторните аспекти од моментот на одгледување па се до безбеден и контролиран извоз. Има посебен елемент со кој се дефинираат и институциите кои ќе се занимаваат со контрола на преработката и производството на производи за медицински цели. Создадена е Национална агенција за контрола на канабисот – изјави министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу.

Канабисот што ќе биде дозволен за производство не сме да бидат сорти што содржат повеќе од 0,2 отсто ТХЦ (THC), што е активната супстанција во внатрешноста на растението која има и лековити својства.

Лиценцата се доделува за период од 15 години, со право на обновување, додека компаниите не можат да имаат почетен капитал помал од 100 милиони лека.

Вкупната дозволена површина за одгледување на канабис за медицински цели не може да биде поголема од 150 хектари на национално ниво.

Пратеникот на опозициската Демократска партија и поранешен министер за внатрешни работи изнесувајќи го партискиот став „најостро го осуди овој следен чекор кон лудило и уништување на државата и иднината“.

– Легализацијата на канабисот не е ништо повеќе од легализација на криминалниот сектор во кој владата беше ангажирана од самиот почеток. Легализацијата на канабисот е неуспешен експеримент во другите земји и знаејќи ги нашите капацитети и корумпираноста на државниот синџир, Еди Рама ја инаугурира Република канабис во Албанија – рече Нока.

Тој побара од пратениците од другите партии да не го поддржуваат овој Предлог-закон, кој набрзо треба да се најде на дневен ред на законодавниот дом.