Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, денеска најави дека Владата, заедно со косовските бизнисмени, ќе отвори привремени големорподажни центри во општините во северно Косово, како одговор на „обидот на Србија да симулира хуманитарна катастроф“ на тоа подрачје.

Реагирајќи на дводневното затворање на продавници и други услужни објекти во општините во северно Косово, Харадинај рече дека тоа е уште еден обид на Србија да се дестабилизира Косово и на специјална војна предводена од странски сили.

– Денеска дадовме институционален одговор на сите акции на Србија, одговор дека ќе се запечати суверенитетот на земјата, ќе покаже граѓанска солидарност, одговорност и грижа на Владата за сите граѓани на Косово – рече Харадинај.

Продавниците во северот на Косово ќе бидат затворени денеска и утре во знак на протест поради царините од 100 отсто што ги воведе косовската влада минатата година за увоз на стоки од централна Србија и Босна и Херцеговина.