Високиот надворешно политички претставник на САД, Дејвид Хејл ќе го посети Косово на 8 и 9 март, кога ќе се сретне со косовските лидери, потврди американската амбасада во Приштина.

Хејл, кој ја извршува функцијата потсекретар на САД за политички прашања, што е трета највисока функција во Стејт департментот, ќе допатува во Приштина во период кога дијалогот со Белград е во застој.

САД се обидуваат да ги придвижат преговорите помеѓу Косово и Србија во Брисел, кои се водат под покровителство на ЕУ, според приштинските медиуми. 

Хејл е именуван за потсекретар на 30 август минатата година, од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.