Албанскиот премиер Еди Рама на Бледскиот стратешки форум му се обрати на бугарскиот претседател Румен Радев и му порача да не бидат толку Европејци, туку да бидат малку Балканци и да го отворат патот за преговори.

– Сакам да ја искористам приликата и да го прашам претседателот на Бугарија, ве молам, вие Бугарите, немојте да бидете толку Европејци, бидете малку Балканци. Отворете го патот. Што се обидувате да спасите таму? –

Отворете го патот за разговор. Дозволете ни да разговараме со нив, а вие можете да бидете цело време на патот и да кажувате не – блокираме овде, блокираме таму. Но, отворете го патот“, му рече Рама на Радев.