Над 500 баратели на азил денеска со траекти беа префрлени од грчките острови до пристаништето Пиреј кај Атина, а потоа со автобуси одвезени во еден нов камп во северниот дел на Грција.

Грчките власти продолжуваат со програмата за трансфер на мигранти и бегалци од преполните кампови на островите до копнениот дел од Грција. Со програмата се опфатени бегалци и мигранти од пет острови во источното Егејско Море, пренесува „АП“.