Приштина – Косово го тресе невиден скандал. Како што информираат косовските медиуми, на 9 октомври од државната каса преку електронскиот систем за финансиско управување и контрола (КФМИС) исчезнале 2 милиони и 77 илјади евра само за неколку часа. Според податоците што се познати досега, направени се четири плаќања во име на три патни проекти. Огромната сума пари од буџетот се префрлени на сметката на компанија со име „ЛДА Груп Ш.П. К“, со седиште селото Лапушник, кое се наоѓа во дреничкиот регион. Приштинскиот весник „Коха“ објави дека кражбата се случила во 12.41 часот, во времето кога службениците на администрацијата имаат пауза за ручек.


Бисер балкански

Од попис никој не се плаши, само оние што го бараат

Драган Ивановиќ и шеф на клубот на пратеници на Социјалистичката народна партија во парламентот на Црна Гора, по иницијатива на невладината организација Центар за демократска транзиција за отфрлање на практиката на собирање податоци за етничка (национална) и верска (не) припадност и јазик, за што зборуваат граѓаните, изјави дека не е прифатливо за СНП да се одложува пописот во Црна Гора поради нивните безумни барања. Тој истакна дека никој не треба да се плаши од претстојниот попис, кој треба да биде можност за граѓаните слободно да се изразат за оние работи што ги сметаат за важни за себе.
– Од пописот се плашат само оние што досега го злоупотребиле и кои стравуваат дека немајќи контрола врз неговото спроведување, ќе ја изгубат малата доверба што граѓаните сè уште ја имаат во нив – рече Ивановиќ.