Непознати сторители го вандализирале споменикот на Александар Велики во Атина, испишувајќи слогани на пиедесталот, пренесува „Та неа“. Инцидентот се случил две недели по поставувањето на споменикот.

Згора, статуата на „Александар Велики“ безмалку е под постојана присмотра на обезбедување кое се наоѓа во близина, но тоа не го сопрело вандалскиот чин.

Бронзената статуа на Александар Велики на коњ, неодамна, го дочека поставувањето во центарот на Атина, во близина на плоштадот „Синтагма“, безмалку три децении откако еден од најпознатите грчки скулптори Јанис Папас, ја заврши нејзината изработка.

Прашањето за статуата стана актуелно во раните 90-ти години на минатиот век, во екот на спорот за името помеѓу Македонија и Грција, но Папас го почна дизајнирањето на неговото дело во 1941 година, а леењето во 1973 година.

Споменикот беше изложен во Националната галерија во 1992 година, на почетокот на кризата со спорот за името, а набргу беше откупен од државата, кога Дора Бакојани беше министерка за култура во владата на нејзиниот татко Константин Мицотакис.

Статуата е висока 3,8 метри и зазема 3,4 метри во ширина. Александар Велики не носи оружје и претставен е на млада возраст.