Три грчки државјани, членови на криминална мрежа која пренесувала оружје од Македонија во Грција, се уапсени во акција на грчката полиција во Солун и Кукуш, како што пренесува МИА. Во акцијата се запленети 55,5 килограми суров канабис, автоматска пушка, митралез и 139 куршуми, а идентификуван е уште еден член на групата.

Осомничените во Грција внеле три торби со канабисот и оружјето, соопшти грчката полиција. Тројцата уапсени се товарат за внесување и транспорт на дрога и оружје. Тие биле изведени пред јавен обвинител, а истрагата продолжува за пронаоѓање на останатите членови на криминалната мрежа.